Top Sport

Нема ризик, нема Формула 1

Компанијата „Мишелин“, еден од водечките светски производители на гуми, нема намера да влезе во Формула 1.

Оваа компанија е присутна во Формула Е и ВЕЦ шампионатот, а според директорот Паскал Кузнон, барем засега нема планови за влез во Формула 1.

„Би требало да разговараме со организаторите. Како компанија која е вистински лидер, ние сакаме да преземеме ризик и тоа е нешто што го правиме во континуитет. Долги години преговараме со Формула 1 за 18.инчните гуми, мислам дека сме во преговори уште од 2010 година. До сега не успеавме да ги убедиме да го прифатат тој ризик. Некои од нашите концепти, како што беше воведувањето на гуми за дожд беа луди, но се покажаа како успешни“, смета Кузнон.

Scroll to Top