Top Sport

Фиорентина: Дегутантно е сега да се зборува за пари

Сите во Фиорентина се изненадени од информацијата дека клубот на семејството на починатиот Давиде Астори ќе му исплати сите плати што 31-годишниот фидбалер требало да ги добие за новиот договор. Астори требало на 5.март да го продолжи договорот со Фиорентина. Тој почина во својата хотелска соба, под се уште неразјаснети околности ноќта помеѓу саботата и неделата.

Италија и јавноста во оваа земја во текот на вчерашниот ден беа воодушевени кога се појави информацијата дека Фиорентина на сопругата Франческа и двегодишната ќерка Виторија ќе им ги исплати сите плати требало да ги добие со новиот договор.

Одлуката ја поздрави и претседателот на Олимпискиот комитет на Италија Џовани Малго.

Конечно се огласија и од клубот, каде биле затечени од пуштањето на вакви чажни информации во јавноста.

„Само тишина и почит во чест на Давиде. Фиорентина е во шок во овој трагичен момент. Бараме тижина и почити во името на сите“, стои во клупското соопштение.

Давиде Астори во Фиоренита имал годишна плата од 1,3 милиони евра.

Scroll to Top