Top Sport

Фиорентина и Каљари во чест на Астори ќе го повлечат бројот 13

Фудбалските клубови Фиорентина и Каљари во чест на починатиот Давиде Астори решија да го повлечат од употреба дресот со број 13.

Астори, во утринските часови во неделата бил пронајден мртов во хотелската соба, пред натпреварот што неговиот тим требаше да го одигра во Удине. Поради смртта на Астори Серија А ги откажа сите натпревари што требаа да се одиграат во неделата.

Астори за Каљари одиграл 174, а за Фиорентина 91 натпревар. Дел од тимот од Срадинија бил во периодот од 2008 до 2016 година, а играч на Фиорентина бил од јуни 2014 до неделата на 4.март кога почина.

Давиде Астори ќе биде погребан во четврток.

Scroll to Top