Top Sport

Генијалност или случајност: Не знам, но ова Роналдо го тренира (Видео)

Мајсторство, случајност, магија, генијалност… во секој случај пеналот кој синоќа го изведе Крстијано Роналдо против ПСЖ предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Португалецот постигна два гола во победата на Реал 3:1 над ПСЖ. Во финишот на првиот дел Кристијано Роналдо од пенал израмни на 1:1 и го постигна својот 100. гол во Лигата на шампионите.

Полемика и неверување предизвика начинот на кој тој го изведе паналот. Непосредно пред ударот топката потскокна и му овозможи на Роналдо да упати совршен удар.

На многумина не им е јасно како напаѓачот на Реал успеа да го изведе тоа, дури на социјалните мрежи се полемизираше дека тој два пати ја допрел топката, но снимката покажува дека тоа не е така.

Пред ударот тој силно ја забива левата нога во тревната подлога крај белата точка, топката од силината на ударот се крева и му овозможува уште подобра позиција за удар.

„Роналдо тоа го правеше на тренинг во Манчестер Јунајтед. Тренираше такви удари, секогаш измислуваше нешто ново. Не велам дека синоќа тоа намерно го направи, но наикнат е да шутира на таков начин. Да не е тоа така сигурно ова ќе му направеше проблем, а тој совршено го изведе пеналот. Знам дека звучи лудо, но вистина е, Роналдо ова го тренираше кога трениравме заедно“, открива поранешниот соиграч на Португалецот од времето на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.

Роналдо ги сруши „принцовите“ во Мадрид, Сане и Ливерпул го казнија Порто (видео)

Scroll to Top