Top Sport

Имобиле ја „суреди“ Хелас Верона (видео)

Чиро Имобиле со два гола за неполни пет минути обезбеди 2:0 победа на Лацио над Верона за враќање на клубот од Рим на четвртото место во Серија А, со еден бод предност пред Интер.

Лацио доминираше во првото полувреме на „Олимпико“ и еднаш ја затресе пречката преку Луис Алберто, но пропушти многу шанси за предност. Алберто во 55. минута одлично го најде Чиро Имобиле во шестнаесетникот, кој од свртување го совлада голманот Николас.

Само четири и пол минут подоцна, по една мешаница по брзиот контра-напад на Лацио, Имобиле беше најснаодлив и ги постави конечните 2:0. Ова е дури 28 гол за 27-годишниот Имобиле оваа сезона, иако последните пет меча го немаше на листата на стрелците.

Верона со поразот останува на претпоследното место со 16 поени, пет помалку од „безбедната зона“.

Scroll to Top