Top Sport

Интер и Лацио не беа расположени за голови (видео)

Интер ја продолжи низата без победа во Серија А на четири натпревари, откако со Лацио одиграа реми без голови на „Сан Сиро“.

„Нераѕурите“ од фантастичен старт на сезоната без пораз, имаа низа од три порази, вклучувајќи го дуелот од Копа Италија од Милан. Од друга страна „Аквиле“ имаа само 9 победи во претходните 74 натпревари во Серија А на гости кај Интер, и последен пат триумфираа во декември 2015 година.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ имаше топовски удар на почетокот на натпреварот, за да го „загрее“ Самир Хандановиќ, додека Интер беа блиску до водство кога Борха Валеро го најде Иван Перишиќ, но повторно голманот, овојпат Томас Стракоша беше во главна улога. Корнерот на Интер во финишот на полувремето, Борха Валеро го упати во стативата за малку постигнувајќи си ефективен автогол.

Интер остануваат на третото место со 41 поени, седум помалку од лидерот Наполи, додека Лацио се петти со 37 поени, но со натпревар помалку.

Scroll to Top