Top Sport

Керик во пензија, ќе стане тренер на „Олд Трафорд“

Капитенот на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик ќе се пензионира од активното играње фудбал на крајот на сезоната и ќе преземе тренерска улога на „Олд Трафорд“, објави менаџерот Жозе Мурињо.

36-годишниот поранешен англиски репрезентативец нема играно од септември, кога се откри дека има аритмија на срцето и мораше да оди на хируршка интервенција.

„Клубот сака да работи со Мајкл и јас би бил среќен тоа да се оствари. Очекувам тој да биде дел од нашиот тим долго време“, вели Мурињо.

Керик имаше четири натпревари од пред-сезоната за Јунајтед, но само еден конкурентен настап – во Лига купот против Буртон Албион, кога се почувствува „чудно“. Лекарите утврдија дека тој има срцева аблација. Мурињо очекува тој да се врати на тренинзи и да биде дел од тимот на крајот на сезоната.

Керик се опоравува од операција на срцето

Scroll to Top