Top Sport

Кјелини: Конте е како полициски наредник

Дефанзивецот на Јувентус Џорџо Кјелини во интервју за англиските медиуми говорел и за методите кои во работата ги користи неговиот поранешен тренер во Јувентус и италијанската репрезентација, сега менаџер на Челси, Антонио Конте.

Кјелини во ерата на Конте на клупата на Јувентус освои три шампионски титули во Серија А, а со репрезентацијата играше во четврт-финалето на Европското првенство во Франција.

„Конте е како полициски наредник. Секој ден, на секој тренинг, не само на натпреварите. Тој создава специјална атмосфера, тоа го чувствуваме три години во Јувентус и две години во националниот тим. Кога кај него ќе завршите со тренингот, вие едноставно сте мртви. Не сте уморни, мртви сте. Можете да издржите се бидејќи верувате во она што тој го работи. Со него бевме 40 дена во Франција и тоа беше како да бевме во некој друг свет. Со него 100 отсто сте сигурни, тој создава атмосфера, а едни врз други ја пренесувате енергијата. Сигурно е дека е еден од најдобрите“, рекол Кјлеини.

Дефанзивецот кој веќе 12 сезони е во Јувнетус проговорил и за престојниот дуел проти Тотенхем во Лигата на шампионите.

„Хари кејн е фантастичен фудбалер. Игравме против него пред три години но оттогаш тој мнигу напредувал. Сега во календарска година постигнува повеќе голови од Меси…Што се однесува до трансфер во Премиер лигата? Ако сте Италијанец вие едниствено можете да го напуштите Јувентус доколку клубот сака да ве продаде. Толку е тоа едноставно“, завршил Кјелини со напомена дека нема намера да замине од Торино.

Scroll to Top