Барселона во саботата го потврди трансферот на Фелипе Кутињо. Трансферот на Бразилецот кој изнесува 160 милиони евра е најголем некогаш реализиран во зимскиот преоден рок и е трет најскап во историјата на фудбалот.

Кутињо кои и минатото лето се поврзуваше со Барселона, но тогаш Ливерпул одби три понуди, во неделата вечерта прв пат како играч на Барселона се појави пред новинарите на „Ноу Камп“.

Бразилецот облечен во тренерка на Барселона со насмевка на лицето им позираше на камерманите и фото-репортерите.

Со кратка порака тој го најави официјалното преставување во новиот клуб кое е закажано за в понеделник.

„Задраво навивачите на Барселона, пристигнав! Ги остварив моите сништа. Се гледаме утре. Да живее Барса!“