Top Sport

Кикс на Реал во Виго, Барса на +16 (Видео)

Селта и Реал Мадрид одиграа 2:2 (1:2) во претпоследниот натпревар од 18.коло во Ла Лига. Во исклучително квалитетен натпревар, Реал на „Балаидос“ од пораз го спаси Кејлор Навас кој му одбрани пенал на Јаго Аспас.

Реал одигра уште еден лош натпревар, потврди дека се наоѓа во криза и веќе на половина од првенството ги загуби шансите да стигне до титулата во Ла Лига, а како игра тимот на Зидан тешко и дека ќе стигне и до второто место.

„Кралскиот клуб“ со натпревар помалку од конкурентите има освоено 32 бода и во оваа фаза има 16 бода помалку од водечката Барселона, а од втропласираниот Атлетико има седум бода помалку.

Во Виго бледата партија на Реал не заврши со пораз благодарение на двете добри напаѓачки реакции на Герет Бејл и голманот Кејлор Навас кој во 72.минута при резултат 1:2 му одбрани пенал на најдобриот стрелец на Селта Јаго Аспас.

Даниел Вас го постигна првиот гол на натпреварот во 33.минута. Данецот со ефектен лоб удар на брилијантен начин заврши еден контранапад на својот тим.

Следуваше блиц криг на Реал, два гола во интервал од 120 секунди и два пати стрелец беше Герет Бејл. Велшанецот во 36 и 38.минута во гол ги претвори асистенциите на Крос и Иско.

Второто полувреме во целост им припадна на домашните фудбалери, кои го диктираа ритамот, а Реал имаше само едена сериозна шанса, преку Лукас Васкез во 89.минута.

Селта имаше можност да израмни во 72.минута, но Аспас не успеа да реализира пенал, а до заслужениот бод домажните фудбалери стигнаа десет минути подцна преку Уругваецот Макси Гомес.

Колото в понеделник ќе го комплетираат Малага и Еспањол.

Scroll to Top