Top Sport

Луис Енрике се „исклучи“ од листата на Челси

И покрај тоа што англиските медиуми тврдат дека тој е првиот кандидат за местото на Антонио Конте во Челси, Луис Енрике вели дека не е заинтересиран да преземе нов тим до крајот на сезоната.

Позицијата на Конте на „Стемфорд бриџ“ е неизвесна откако во понеделникот тимот загуби со 4:1 од Ватфорд, резултат кој доаѓа по понижувачкиот 0:3 пораз од Бурнемаут на домашен терен.

Поранешниот тренер на Барселона, не е заинтересиран прерано да ја прекине едногодишната пауза од фудбалот, така што Роман Абрамович ќе треба да најде „привремен“ тренер ако се реши да го отпушти Конте, тренерот кој лани ја донесе титулата во деби сезоната со „Сините“.

И покрај слабите резултати, играчите на Челси добија три дена одмор од Конте откако играа двапати неделно во последните два месеци, по што пет фудбалери се повредија.

„Сините“ исто така се поврзувани со Масимилијано Алегри од Јувентус и Маурицио Сари од Наполи, а опција е и Леонардо Жардим од Монако.

Конте, од друга страна се поврзува со италијанската репрезентација и покрај тоа што Луиџи ди Бјаџо беше поставен за „привремен“ тренер. Тој побара клубот јавно да го поддржи, што според многумина беше протоклувано дека тој влезе во директен конфликт со Роман Абрамович и со бордот на Челси, откако беше незадоволен од трансферите на клубот и покрај тоа што во јануари дојдоа Оливие Жиру, Рос Баркли и Емерсон Палмиери.

Scroll to Top