Top Sport

Шишковски на голот на Лахти

Македонскиот голман Дамјан Шишковски потпиша едногодишен договор со финскиот прволигаш Лахти, со опција за продолжување на договорот и за 2019.

22-годишниот Шишковски заминува во Финска од Работнички, со кои дебитираше како 16-годишник.

Финскиот тим на својот веб-сајт ги потсети навивачите дека го запознале Шишковски кој со Работнички се бореше во квалификациските мечеви од Лигата на шампиони во 2014 година против ХЈК Хелсинки.

„Шишковски е голем голман, кој е агилен и солиден меѓу диреците. Има добри рефлекси, а тренинзите почнаа и тој е во топ форма за стартот на Веикауслигата“, изјави тренерот на голмани на Лахти, Ари Корхонен.

Scroll to Top