Top Sport

Милан нема да купува играчи во јануари

Спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели вели дека клубот нема да потпишува со играчи во јануари и покрај тоа што се наоѓа во втората половина од табелата во Серија А.

„Росонерите“ имаат само една победа во последните четири меча во Серија А, тесна победа над Кротоне во последниот меч и покрај тоа што потрошија над 200 милиони евра за 11 играчи во летниот преоден рок, како Андре Силва и Леонардо Бонучи. Сепак, Џенаро Гатузо ќе мора да продолжи со тимот кој го има.

„Секогаш работиме, и мораме да бидеме внимателни што се случува, но нема да потпишуваме со нови играчи во јануари. Нема да правиме ништо, тоа е официјална информација. Откако купивме 11 играчи, дали 12-тото место е вистинското за нас? Имавме добар пазар во текот на летото, сега продолжуваме вака“, изјави Мирабели за „Газета дело спорт“.

Резултатите на Милан не покажаа подобрување по отпуштањето на Винченцо Монтела и ангажирањето на Гатузо, но Мирабели има целосна доверба во популарниот Рино.

„Мораме да им дадеме шанса на младите играчи на Милан, но и на Рино. Тој е избран и точка. Ова не е преодно решение, туку долгорочно. Најдов некој кој работи повеќе дури и од мене“, се пофали Мирабели.

Scroll to Top