Top Sport

Мојс: Резултатите на Вест Хем се поважни од Џо Харт

Менаџерот на Вест Хем јунајтед, Дејвид Мојс вели дека е внимателен околу ситуацијата на голманот Џо Харт, но додава дека тој го бира тимот за настап само според потребите на клубот.

Харт, кој е на „позајмица“ од Манчестер сити, беше заменет од Адријан при поразот од Манчестер сити од 1:0 овој месец, и имаше стартна позиција во 1:0 победата над Челси минатиот викенд. Се верува дека Мојс ќе продолжи со Адријан и во дуелот против Арсенал во среда, со што Харт ризикува да го загуби стартното место во англиската репрезентација пред Светското првенство во Русија.

„Секогаш имам сочувство кој играчите, и знам дека ова не е лесна одлука за Џо. Но, на крајот, јас треба да донесам резултати за Вест Хем. Џо не беше среќен, но му објаснив што се случува. Тоа е мојата работа и кажувам искрено“, вели Мојс.

Вест Хем се моментално на 18. место во Премиер лигата и ги очекува голема борба за опстанок до крајот на сезоната.

„Џо има доволно искуство – Светско првенство, Лига на шампиони… Тој е важен фудбалер за нас, но јас ќе одлучам што е најдобро за Вест Хем“, објаснува тренерот.

Scroll to Top