Top Sport

Бентеке им се извини на соиграчите (видео)

Белгискиот напаѓач на Кристал Палас, Кристијан Бентеке се извини на менаџерот Рој Хоџсон и на неговите колеги откако инсистираше да го изведе пеналот против Бурнемаут по истекот на регуларното време, по што утна.

Бентеке му ја „грабна“ топката на Лука Миливоевиќ, кој обично ги изведува пеналите на Палас, за Асмир Беговиќ да му го одбрани пеналот и мечот да заврши 2:2. Така, наместо победа со која ќе излезеа од зоната за испаѓање, 27-годишниот напаѓач беше исвиркан од фановите.

Хоџсон по мечот инсистираше дека се обидел да го спречи Бентеке да го изведе пеналот, но сега открива дека тој се извинил за постапките.

„Денеска, пред тренингот, тој ги собра играчите и го кажа своето. Веќе ми се извини и мене претходно, така што покажа карактер и ја презеде одговорноста. Не требаше да го направи тоа и мислам дека самиот го сфаќа тоа“, вели Хоџсон.

И покрај ова, Хоџсон потврди дека Бентеке ќе биде во тимот за дуелот во вторник против Ватфорд.

„Тој играше доста добро до тој момент. Да не го заборавиме тоа. Сега, тој изгледа како вистински злосторник и фановите се свртеа против него, што е не е многу фер“, вели Хоџсон.

Драма во Лондон, Дефо со неверојатен гол (видео)

Scroll to Top