Top Sport

Нејмар сениор: ПСЖ знае дека Нејмар ќе паузира шест до осум недели

Бразилецот Нејмар, поради повреда, нема да игра помеѓу шест и осум недели, што значи дека нема шанси тој на се појави во тимот на ПСЖ на натпреварот против Реал во Лигата на шампионите, потврди таткото на фудбалерот Нејмар сениор.

Најскапиот фудбалер во историјата на фудбалоет се повреди во неделата во дуелот против Олимпик Марсеј во првенството на Франција. Нејмар се здоби со сркшеница на метатарзалната коска во стапалото.

Иако клубот тврди дека Нејмар нема да оди на операција и дека тој веројатно ќе настапи во ревашот против Реал, неговиот татко го тврди спротивното.

„Потребо е да ја ја почекаме одлуката на клубот. ПСЖ го чека вистинскиот момент за да ја објави информацијата. Докторот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар треба да дојде во Париз и заедничката одлука треба да биде соопштена во среда. Не сакавме да се најдеме во ваква ситуација, но мораме да се обидеме да го лечиме Нејмар на најдобар можен начин. ПСЖ веќе знае дека тој нема да може да игра шест до осум недели независно од тоа дали ќе биде потребна операција или не. Важно е да делуваме брзо, не смееме да чекаме. Операцијата е најбрзиот начин да се забрза рехабилитацијата“, рекол Нејмар сениор.

Инаку, по првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите Реал стекна предност над ПСЖ од 3-1.

Scroll to Top