Top Sport

Пародија: Голманот на Мајнц наместо топката ја шутираше пенал-точката

Еден од најсмешните моменти во саботните фудбалски натпреварувања во Европа доаѓа од Германија, каде што голманот на Мајнц, Робин Центнер направи неверојатна грешка – се збуни и го шутираше пеналтикот наместо топката.

Центнер откако ја исконтролира топката, не сфати дека таа остана зад него и се обиде да ја шутне пенал-точката, пред да сфати каква грешка направил.

Мајнц и Борусија Менхенгладбах одиграа 1:1.

Scroll to Top