Top Sport

Рутинска победа на Вардар кај Кристијанштад

Ракометарите на Вардар и по шестото коло ќе останат лидери во А групата, во Лигата на шампионите, откако во оваа рунда рутински го совладаа Кристијанштад 26:23 (15:10). По шест кола европскиот шампион има учинок од пет победи и едно реми.

Искуството, квалитетот, одличната игра во дефанзивата, голманот Штербик се само дел од причините поради кои Вардар победнички мина низ Малме.

Вардар бавно влезе во натпреварот, му дозволи на Кристијанштад водство 5:2 по десет минути игра, но по тајмаутот на Раул Гонзалес и промената на одббрамбената формација, европскиот шампион влезе во вистинскиот ритам.

Со серијата 7:2 Вардар му стави до знаење на домаќинот на која страна е заминат бодовите од овој натпревар.

Кристијанштад за десет минути постигна пет гола, а до крајот на полувремето уште толку. Вардар првиот дел го заврши со комотна предност 15:10, а дефинитивно го реши прашањето на победникот во првите осум минути од вториот дел кога псотигна три, а не прими ниту еден гол.

Арпад Штербик одигра уште еден брилијантен меч, одбрани 53 отсто од шутевите кон неговиот гол, одноно имаше вкупно 17 интервенции. Нападот го предводеа Борозан, Дибиров и Кристопанс со по седум гола.

Вардар во наредната рунда, на 11 ноември, ќе гостува во Загреб.

Scroll to Top