Top Sport

По мадридскиот „колапс“, ПСЖ со пет гола

Единсон Кавани постигна два гола, Нејмар додаде уште еден за Пари Сен-Жермен со 5:2 да ги прегази Стразбур и да ја врати предноста од 12 поени на врвот во Лига 1.

По пресвртот на „Сантијаго Бернабеу“ во средата, на ПСЖ му беше потребно враќање на моралот во мечот со ривалот од Алзас, кој е еден од двата француски клубови кои го победиле ПСЖ оваа сезона.

Стразбур поведе во шестата минута преку Жан-Од Олу, но ПСЖ веднаш врати со голови од Јулијан Дракслер, Анхел ди Марија и Нејмар пред полувремето, за свирежите од публиката на „Паркот на принцовите“ да се префрлат во празнична атмосфера. Единсон Кавани додаде уште два гола за ПСЖ да ја врати предноста од 12 поени пред Монако.

Scroll to Top