Top Sport

Барса не го дава врвот, Суарез ја продолжи гол-формата (видео)

Барселона „избега“ на 10 поени пред Атлетико Мадрид и фантастични 20 поени пред Реал Мадрид, откако на гостувањето кај Еибар стигна до рутинска, но тешко извојувана 0:2 победа.

Во дождливото саботно попладне на стадионот „Ипуруа“, Барселона релативно рано дојде до водство, откако по 16 минути, Луис Суарез доби топка од Лионел Меси за да ја продолжи својата одлична форма. Домашниот фудбалер, Фабијан Орелјана потоа доби црвен картон за глупав потег – ја „боксираше“ топката.

Овој резултат беше актуелен сè до 91. минута, откако Жорди Алба налета на исфрлената топка откако Марко Дмитровиќ го одбрани обидот на Меси.

Scroll to Top