Top Sport

Реал тргнува по младиот Хрват? (видео)

Реал Мадрид, конечно, пронајде вистинска алтернатива на голманското место во младиот играч на Хајдук, Карло Летица, тврди секогаш добро информираната (барем кога се работи за „Лос Бланкос“) „Марка“.

Шпанскиот клуб веќе контактирал со „билите“, бидејќи сметаат дека 21-годишниот член на хрватската У-21 репрезентација, Летица е „новиот Јан Облак“, најмногу поради неговите 202 сантиметри.

Ангажирањето на Летица исто така се вклопува во политиката на Зинедин Зидан за ангажирање на млади таленти, и Хрватот би пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“ како претходно Касемиро, Матео Ковачиќ и Марко Асенсио.

Договорот би следувал по неуспешниот обид да се донесе Кепа Аризабалага од Атлетик Билбао, и по најавите дека Манчестер јунајтед ќе постават астрономска цена за Давид де Хеа.

Фото: ЕПА

Scroll to Top