Top Sport

Роналдо: За Нејмар, ПСЖ е чекор наназад

Одлуката на Нејмар да си замине од каталонскиот гигант Барселона за да игра во најдобриот француски тим, Пари Сен-Жермен е чекор наназад вели неговиот бразилски сонародник, Роналдо.

Иако претходно изјавуваше дека Барселона „не е добра за Бразилците“, и Роналдо бил изненаден кога ПСЖ го „грабна“ Бразилецот за рекордни 222 милиони евра во август. Оттогаш Нејмар блеска во „Градот на светлината“, постигнувајќи 20 гола во сите натпреварувања, но во Јутјуб-интервју со уште една легенда, Зико, Роналдо вели дека Франција не е исто како и Шпанија.

„Спортски, тоа е чекор наназад. Меѓутоа, секој бара предизвик. Јас играв во Барселона тогаш и решив да отидам во Интер бидејќи италијанското првенство беше многу поконкурентно“, вели Роналдо.

Роналдо: Барса е лоша за Бразилците

Scroll to Top