Top Sport

Руни по четврти пат доби син!

Сопругата на ѕвездата на Евертон, Вејн Руни, Колин сподели прекрасна прва фотографија на нивниот четврт син Кес Мек Руни.

„Добредојде на нашето бебенце. Кес Мек Руни дојде на светот со 3.9 килограми. Тој е прекрасен“, напиша Колин на Инстаграм.

31-годишната Колин и Руни веќе имаат три синови – Каи, Клеј и Кит, а четвртиот син доаѓа по тешкиот период за двојката, откако Руни беше уаспен за возење под дејство на алкохол, кога возеше автомобил на една анонимна девојка.

Scroll to Top