Top Sport

Конте го одби посебниот подарок – дрес со потпис од Мурињо! (видео)

Прес-конференцијата на тренерот на Челси, Антонио Конте во четвртокот беше прекинат за тој да добие посебен подарок – дрес на Манчестер јунајтед потпишан од ривалот Жозе Мурињо.

Алесандро Онис и Стефано Корти, презентерите на „Италија 1“, кои претходно му подарија и на Мурињо дрес со потписот на Конте, пратија „курир“ да му го предаде дресот на италијанскиот тренер, откако Мурињо го потпиша минатиот месец пред хотелот во кој живее во Манчестер.

Конте дозволи прашања од медиумите пред петочниот ФА куп дуел со Хал, и зборуваше 10 минути пред наводниот новинар да му се приближи. Курирот потоа му пушти видео на Конте на таблет, со порака од Онис и Корти.

„Антонио, ти праќаме порака. Подарок од твојот нов пријател, Жозе Мурињо. Тој ни кажа дека те сака. Видете што напиша на подарокот – твојот пријател Жозе. Вети ни дека следниот пат кога ќе се видите ќе се смирите! Антонио, вие ќе бидете пријатели засекогаш“, му порачаа тие на Конте.

Конте џентлменски ја прифати шегата, но одби да го прифати дресот, а медиумскиот тим на Челси побара од курирот да почека до крајот на прес-конференцијата за да го даде дресот. Сепак, тој на крајот беше изнесен од прес-конференцијата.

Совршена шега: Мурињо потпиша дрес со Антонио Конте на грбот

Scroll to Top