Top Sport

Спалети: Тоти беше неподвижен, газдите на Интер се циции

Денешните спортски рубрики во италијанските медиуми се преплавени со интригантните изјави на тренерот на Интер, Лучано Спалети. Предводникот на Интер разговарал со навивачи на Рома, но не знаел дека тие целиот разговор го снимили и им го врачиле на медиумските куќи.

Се претпоставува дека целта на навивачите на рома била да го оцрнат тренерот кој за време на својот мандат го маргинализира легендарниот капитен, кој денес е директор во клубот, Франческо Тоти.

„Франческо Тоти повеќе не можеше да трча. Не можев да дозволам да игра бидејќи играчите стануваа депресивни и нервозни кога тој беше на теренот“, рекол Спалети.

Иако минатата сезона го освои второто место во Серија А и избори директен пласман во Лигата на шампионите, Спалети поднесе оставка, а на навивачите им ја кажал причината незнаејќи дека тие го снимаат разговорот.

„Претседателот Џејмс Палота и останатите клупски челници ми кажаа дека ќе ги продадат најдобрите играчи. Не можев да застанан пред играчите и да им зборувам дека и наредната сезона ќе бидат успешни. Не можев да ги лажам“, рекол Спалети, а птооа одговорил и на прашањето поради кое може да добие отказ во Интер.

„Како ми е во Интер? Раководството не сакаше да троши пари. Секогаш сме на чекор од депресија или лудило, слично како и во Рома. Никој не разбира дека против Јувентус не можете да добиете ниту чонија со грав“.

Откако медиумите го објавија овој разговор на Спалети со навивачите на Рома, фановите на „волчицата“ тераат сеир, додека челниците на Интер проверуваат колку изјваите се автентични.

Разоворот, а особено делот во кој се споменува неговото име, го искоментирал и Тоти. Директорот на Рома се наоѓа во Москав каде учествува на хуманитарен турнир во мал фудбал.

„Спалети? Не го познавам тој човек“, рекол Тоти.

Scroll to Top