Top Sport

Ван Гал би сакал да му се одмазди на Манчестер јунајтед

Луј ван Гал го презеде Манчестер јунајтед по Светското првенство во 2014 година на кое ја предводеше Холандија до третото место, но со „црвените ѓаволи“ не успеа да ги оствари зацртаните цели.

Раководството на Манчестер јунајтед му врачи отказ на Ван Гал во финишот на сезоната 2015/2016 откако договори соработка со Жозе Мурињо.

Португалецот од минатата сезона е менаџер на Манчестер јунајтед, а Ван Гал не може да го заборави начинот на кој беше отпуштен и посакува да добие можност да му се одмазди на клубот.

„Веројатно повеќе нема да бидам клупски тренер. Исклучок би направил само во случај некој од големите англиски клубови да ми понуди ангажман. На тој начин би можел да му се одмаздам на Манчестер јунајтед“, рекол Ван Гал.

Ван Гал додека беше менаџер на Манчестер јунајтед (2014-2016) беше критикуван дека неговиот тим игра здодевен фудбал, не успеа да оствари ниту еден значаен резултат, а во втората сезона не успеа да избори ниту пласман во Лигата на шампионите.

Scroll to Top