Top Sport

Волшебна ноќ на Руни, Стерлинг во 96.минута за триумф на Сити (Видео)

Вејн Руни, Рахим Стерлинг и Мохамед Салах ставија печат на последните две средби кои се одиграа во рамките на 14.коло во Премиер лигата. Руни постигна хет-трик за Евертон, Стерлинг трет пат сезонава со гол во самиот финиш му обезбеди победа на Манчестер Сити, а Салах ја продолжи совојата голгетерска серија.

Евертон изминатите недели играше катастрофално, тимот речиси 40 дена беше без тренер, а во средата клубот потврди дека нов менаџер ќе биде Сем Олердајс. Пред „Биг Сем“, играчите на Евертон го одиграа најдобриот меч во сезоната и го совладаа Вест Хем со 4:0.

Блескаше на овој натпревар Руни кој постигна три гола, а посебно атрактивен е третиот, кога поранешниот репрезентативец го совлада Џо Харт од половина терен.

Четвртиот гол за „карамелите“ е дело на дефанзивецот Ешли Вилијамс.

Вест Хем имаше можност да постигне почесен гол, но Ланзини не успеа да реализира пенал.

Лидерот на табелата Манчестер Сити не може да загуби бодови оваа сезона. Кога и да не му оди на Сити спасител е крилниот напаѓач Рахим Стерлинг. Против Саутмептон, Стерлинг го постигна победничкиот гол за 2:1 во шестата минута од судиското надополнување на времето.

Претходно Сити стигна до предност со голот на Де Брујне во 47.минута, а на 1:1 израмни Ориол Ромеу во 75.минута.

Манчестер Сити се наоѓа во неверојатна серија од 13 победи во Премиер лигата, односно 19 победи во сите натпреварувања.

Ливерпул му гостуваше на Стоук на „Британија“ стадионот и славше благодарение на Салах.

Ливерпул имаше водство од 17.минута кога погоди Мане, а победата ја завери резервистот Салах со два гола во 77. и 83.минута. Египѓанецот има постигнато 12 гола во Премиер лигата.

Scroll to Top