Top Sport

Нејмар и Кавани на крајот ги победија Троа (видео)

Кога изгледаше дека „атомскиот напад“ на Пари Сен-Жермен ќе биде сопрен од Троа, Нејмар успеа да ја покори тврдоглавата одбрана на гостите за 2:0.

Бразилецот со одличен удар од работ на шестнаестникот во 75. минута го совлада Мамаду Самаса и донесе водство од 1:0, пред да го постави вториот гол на Единсон Кавани во 90-тата минута за ПСЖ да стигне до 13. победа во 15 натпревари во Лига 1. ПСЖ има 10 поени предност пред Марсеј.

Претходно следуваше уште една епизода од „пенал-сагата“ во Париз, откако Единсон Кавани утна пенал во првото полувреме, за што може да прочитате на долниот линк.

Нејмар му дозволи да шутира, но Кавани не реализира пенал (Видео)

Scroll to Top