Top Sport

Богдановиќ го реши Чикаго (Видео)

Србите Богдан Богдановиќ и Никола Јокиќ, односно Хрватите Бојан Богдановиќ и Марио Хезоња ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата, во која три тима постигнаа по 111 поени што им беше доволно за победа над опонентите.

Никола Јокиќ продолжи со одличните партии во НБА лигата, а синоќа го предводеше Денвер до третито триумф во низа. Српскиот центар во победата на Денвер над Шарлот Хорнетс имаше учинок од 15поени, 16 скока, 7 асистенции и 2 украдени топки. Најефикасен кај победникот со 27 поени беше Гери Херис.

Сакраменто успеа да го победи Чикаго 104:98 иако во еден момент во втората четвртина Кингс имаа негатива од 21 поен.

Патот до победа на Сакраменто му го трасираше Богдан Богдановиќ кој при резултат 96:96 на 52 секунди до крајот погоди тројка преку двајца противнички играчи. Српскиот репрезентативец натпреварот го заврши со 15 поени и по 4 скока и асистенции. Кај Чикаго се истакна Зек Лавин со 27 поени.

Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ го одигра најдобриот меч оваа сезона, постигна 29 поени но Индијана не успеа да го избегне поразот од Вашингтон 102:111. Вашингтон играше без првата ѕвезда Џон Вол. Во негово отсуство тимот го предводеше Бредли Бил со 21 поен, а уште петмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени.

Детроит го совлада Портланд 111:91. Лидер на тимот беше Андре Драмонд со 17 поени и исто толку скока, додека Блејк Грифин забележа 21 поен, 9 скока и 6 асистенции.

Дербито на Флорида му припадна на Орландо. Магичните славеа над Мајами Хит 111:109. Забележителна улога во тимот на Орландо имаше Марио Хезоња кој уфрли 20 поени.

Јута славеше во дуелот со Њу Орлеанс 133:109. Родни Худ постигна 30 поени, а Рики Рубио забележа „дабл-дабл“ од 20 поени и 11 асистенции.

ЛА Клиперс во драматичен финиш, предводени од Данило Галинари (28 поени) славеа над Далас Маверикс 104:101.

Scroll to Top