Top Sport

Дурент две недели на принудна пауза

Актелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, имаат сериозни проблеми со повредите на клучните кошаркари.

Откако се повредија Стеф Кари и Клеј Томпсон, Вориорс останаа и без Кевин Дурент. Крилниот играч, на натпреварот против Минесота, го повредил реброто, поради што ќе биде надвор од тимот во наредните две недели.

Претходно Кари го повреди зглобот на десната нога, а Томпсон го повредил палецот. Покрај трите ѕвезди повредени се уште и Омри Каспи и Патрик Мекој.

Без трите ѕвезди, Вориорс изминатат ноќа беа поразени од Сакраменто Кингс 98:93.

Во наредниот период шампионите ќе играат против Феникс Санс, Сан Антонио Спарс, Атланта Хокс, Јута Џез, Индијана Пејсерс и Милвоки Бакс.

Вориорс во моментов се на втората позиција на Западот со две победи помалку од водечките Хјустон Рокитс.

Scroll to Top