Top Sport

Навивачите ќе решат дали ПАО ќе ја напушти Евролигата

Сопственикот на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос доби едногодишна забрана за присуство на натпреварите во кошаркарската Евролига, поради што тој најави дека клубот ќе го напушти ова натпреварување.

Евролигата го суспендира сопственикот на ПАО бидејќи тој на социјалната мрежа Инстаграм им се заканувал и ги навредувал навивачите на Фенербахче.

Откако ја дозна казната Јанакопулос најави дека ќе организира гласање на кое навивачите ќе решат дали клубот треба да остане во Евролигата или пак треба да го напушти ова натпреварување.

Контроверзниот сосптвеник на ПАО дополнил дека доколку навивачите решат тимот да остане во Евролигата дека тогаш тој ќе го напушти клубот.

Панатинаикос во моментов се наоѓа на четвртото место во Евролигата со скор 13-8.

Scroll to Top