Top Sport

Беше дел од шампионскиот Вардар, сега нема елементарни услови за живот (Видео)

Венцислав Симоновски дел од славната генерација на Вардар, која во поранешната држава во 1987 година ја освои шампионската титула, го преживува најтешкиот период од својот живот. Поранешниот фудбалер нема елементарни услови за живот, нема никакви приходи, а тажната приказна ја раскажа за телевизијата „Стар“.

„Немам никакви приходи. Струјата ми е исклучена веќе четири години. Вака, без услови, тешко е“, раскажува Симоновски за „Стар“.

Единствена која се грижи за поранешниот фудбалер е неговата снаа која барала помош по сите инситуции, но како што вели помош не добила од никого.

„Од центарот тоа стално ми го велат: ’Ние немаме ингеренции’. Поради тоа сум револтирана, како може една сама личност, бидејќи јас го пријавувам како сам. Тој нема никого, нема мајка, татко, сопруга. Сега ја се грижам за него, го гледам исто како и моите два сина“, раскажува снаат на Симоновски.

„Досега сите го знаека. Венцислав Симоновски, легенда. Прва класа фудбалер. Светска личност. А сега никој не го спомнува како да не постоел.“

Симоновски е и поранешен репрезентативец, а во незаборавната сезона на Вардар како дел од тимот во кој беа Панчев, Најдовски, Рингов, Савевски, Станијковиќ, Јавневски одигра 29 натпревари.

извор: телевизија Стар

Scroll to Top