Top Sport

НБА: Бостон во победничка, ЛА Клиперс во лузерска низа

Бостон Селтикс ја продолжија импресивната низа во НБА лигата, откако во Далас, по едно продолжение ги совладаа Маверикс со 110:102. Селтикс во Далас ја запишаа 16.победа во низа и со скор од 16 победи и два порази се лидери во Источната конференција и воопшто во лигата.

Најголемото засилување за Селтикс, Кајри Ирвинг, го одигра најдобриот меч по доаѓањето од Кливленд. „Човекот со маска“ го затрупа кошот на Далас, во првото полувреме постигна 25 од своите 47 поени, на кои придодаде три скока и шест асистенции.

И додека Селтикс се наоѓаат во победничка серија, ЛА Клиперс не можат да стават крај на лузерската низа. Поразот од Њујорк Никс 107:95 беше деветти во низа за кошаркарите кои ги предводи Док Риверс.

Кливленд во Детроит ја забележа петтата победа во низа. Кавалирс славеа против Пистонс со 116:88, а Леброн Џејмс мечот го заврши со 18 поени.

Орландо Меџик не успеа да слави против Индијана Пејсерс, натпреварот заврши 97:105, а мина во знакот на двајца играчи од Балканот. Индијана ја предводеше Хрватот Бојан Богдановиќ кој постигна 26 поени (тројки 5-7) од кои 27 во второто полувреме, додека Црногорецот Никола Вучевиќ беше најдобар кај Орландо со 15 поени и 13 скока.

Расел Вестбрук забележа трипл-дабл (22 поени, 16 скока, 12 асистенции) но и покрај неговата блескава партија и фактот дека неговиот тим имаше предност од 19 поени, Оклахома Тандер не успеа да слави во дуелот со Њу Орлеанс Пеликанс. „у Орлеанс го предводеше Ентони Дејвис со 36 поени и 15 скока.

Сан Антонио Спарс лесно се псрави со Атланта Хоукс (96:85), а Портланд Трејлблејзерс победи во дуелот со мемфис Гризлис (100:92).

Бен Симонс постигна рекордни во кариерата 27 поени, на кои придодаде и 10 скока, за триумф на Филалдлефија над Јута 107:86.

Шарлот Хорнетс ја надигра Минесота (118:112) благодарение на ветеранот Двајт Хауард кој оствари 25 поени и 20 скока. За Хауард ова беше 48.натпревар во кариерата на кои забележал 20+ во две статистички категории.

Сакраменто Кингс запишаа нов пораз. Деневер Нагетс победија во Калифорнија 114:98. Вил Бартон со 25 поени, односно Никола Јокиќ со 16 поени и 14 скока беа најефикасни во триумфот на Денвер.

Scroll to Top