Норвежанецот Мартин Одегард беше прогласен за играч на неделата во холандската Ередивизие откако постигна гол и имаше асистенција во 0:4 победата на Херенвен против Твенте.
Норвешкиот талент беше донесен со големи „фанфари“ на „Сантијаго Бернабеу“ како 15-годишник, но откако не се снајде најдобро беше пратен на „калење“ во Холандија.
„Овојпат го дадов мојот максимум и сакам да го повторам тоа секоја недела“, изјави Одегард.
Холандските медиуми веќе почнаа да шпекулираат дека Реал Мадрид ќе почекаат тој да ја заврши сезоната во Холандија пред да го повикаат назад во „кралскиот клуб“. Капитенот на Херенвен, Стијн Схарс е задоволен.
„Тој игра неверојатно добро и можеше да заврши со повеќе асистенции и голови. Уживаме со него во тимот“, изјави Схарс.