Top Sport

Ноќ на пресврти во НБА, ГС се врати од -24, Бостон од -16 (Видео)

Неверојатен натпревар, во ноќта помеѓу саботата и неделата, одиграа во Филалделфија домаќинот и НБА првакот Голден Стејт Вориорс. Шампионот на стартот на второто полувреме имаше негатива од 24 поени (76:52), но успеа да излезе како победник 124:116.

Филалдефија како во транс го одигра првото полувреме, во првата четвртина играчите на овој тим постигнаа 47 поени, најмногу Ковингтон, кој погоди пет тројки од исто толку обиди.

Вориорс возвратија со иста мерак во третиот период, кој им припадна ос 15:47. Стеф Кари беше предводник на пресвртот, во овој период тој постигна 20 кошеви, а натпреварот го заврши со 35 поени и по пет скока и асистенции.

„Третата четвртина беше забавна, да…Не знам колку е доминантно, но околу нас се случуваат чудни работи. Ни требаа 25 минути за да почнеме да играме“, рекол Кари.

Кај Вориорс ефикасен меч одиграа Кевин Дурент и Клеј Томпсон, кои постигнаа 27, односно 17 поени.

Бен Симонс со 23 поени, 12 скока и 8 асистенции ја предводеше Филалдлефија, Џоел Ембид постигна 21, а Ковингтон и Редик по 20 кошеви.

Голем пресврт направи и Бостон Селтикс и покрај тоа што најдобриот ти на Истоткот и во лигата воопшто во еден период заостануваше зад Атланта Хокс за 16 поени.

Селтикс славеа 110:99, откако трет пат на последните пет натпревари стигнуваат голема резултаска негатива.

Бостон ја запиша 15.победа во низа и овој тим е на четири победи до апсолутниот рекорд на франшизата кој го држи генерацијата на Пирс, Ален, Гарнет д 2008 година.

Најдобар кај Селтикс беше Кајри Ирвинг со 30 поени, а одличен мече одигра и Џејлен Браун кој постигна 27 поени. Атланта ја предводеа Денис Шрудер со 23, односно Кент Бејзмор со 19 поени.

НБА, резултати:

Шарлот Хорнетс-ЛА Клиперс 102:87
Орландо Меџик-Јута Џез 85:127
Мемфис-Гризлис-Хјустон Рокитс 83:105
Далас Маверикс-Милвоки Бакс 111:79
Портланд Трејлблејзерс-Сакраменто Кингс 102:90

Scroll to Top