Top Sport

НБА партија на Џанан Муса (Видео)

Кошаркарите на Цедевита во деветтото коло во АБА лигата го совладаа Морнар 99:74 (23:19, 23:17, 32:22, 21:16), а на тпреварот го обележа 18-годишниот Џанан Муса.

Тинејџерот погоди 83-отсто од шутевите од поле (10/12), погоди 10 од 11.слободни фрлања, немаше загубена топка, а во статистиката запиша уште пет скока и по три асистенции и украдени топки.

Муса натпреварот го заврши со 35 поени и индекс на корисност 46.

„Горд сум на себе, на соиграчите, тренерскиот тим. Овие 35 поени ми се рекорд во сениорскиот тим на Цедевита. Тимот е заслужен за ова мое остварување. Видие дека сум расположен“, рекол Муса.

Цедевита има скор 6/3, а Морнар 4/5.

Scroll to Top