Top Sport

Тимот на Џејмс победи на 67. Ол-стар натпревар

Тимот што го одбра Леброн Џејмс ја пбеди екипата избрана од Стеф кари на 67. Ол-стар натпревар во НБА лигата со 148:145.

Ол-стар натпреварот на најголемите ѕвезди во НБА лигата споре дочекувањата донезе вообичаена доза на атрактивност, одлични потези, но кога се решаваше победникот, ѕвездите покажаа сериознот како да се работи за плејоф натпревар.

На крајот победи тимот на Лебон иако во поголемиот дел на натпреварот екипата на Кари имаше предност.

Леброн Џејмс покрај победата со својата екипа ја понесе и МВП наградата, што за него е трето вакво признание во кариерата. Леброн натпреварот го заврши со 29 поени, 10 скока и 8 асистенции.

Во неговиот тим ефикасни беа и Кевин Дурент кој постигна 19 поени, потоа Пол Џорџ со 14, односно Андре Драмонд и Бредли Бил кои постигнаа по 13 поени.

Најефикасни во спротивниот табор беа Демијан Лилард и Демар Дерозан со по 21 поен, Џоел Ембид постигна 19, Карл-Ентони таунс 17, Јанис Адетокумбо 16, Клеј Томпсон 16, а лидерот Кари имаше 11 поени, 6 скока и 5 асистенции.

Наредниот Ол-стар натпревар ќе се одигра на 17.февруари 2019 година во Шарлот.

Scroll to Top