Top Sport

АО: Димитров го преживеа „трилерот“ против Мекдоналд (видео)

Третиот носител, Григор Димитров беше приморан да игра петти сет против светскиот рекет број 186., Мекензи Мекдоналд, пред да стигне до 4:6/6:2/6:4/0:6/8:6 победа за пласман во третото коло на Австралија опен.

Американскиот квалификант 22-годишниот Мекдоналд изненадувачки беше израмнет со Димитров во поголем дел од мечот од 3 часа и 25 минути на арената „Род Лејвер“, пред бугарскиот тенисер да направи брејк во 14-тиот гем од последниот сет за да оди понатаму.

Димитров, кој лани стигна до полуфиналето во Мелбурн, дури го загуби четвртиот сет без освоен поен, а сега го очекува дуел со 30-тиот носител, Андреј Рублев, кој ги победи Давид Ферер и Маркос Багдатис за пласман во третото коло.

„Што да кажам, беше навистина тежок ден. Имав среќа што победив, бидејќи тој играше неверојатен тенис и заслужува честитки. Не сум задоволен со начинот на кој играв, но од борбеноста сум задоволен“, изјави Димитров.

Scroll to Top