Top Sport

Бушар „лапна“ 20 милиони долари

Канадската тенисерка Јуџин Бушар ја доби тужбата против Тениската федерација на САД за несреќата која и се случи за време на одржувањето на отвореното првенство на САД во 2015 година.

Поротата во петкот процени дека 75 отсто од вината за повредата на Канаѓанката е на Тениската федерација на САД, а во понеделникот судот соопшти дека Бушар треба да добие 20 милиони долари.

Сумата која Бушар ќе ја добие е неколку пати поголема од она што таа го има заработено од тенисот во целата своја кариера.

„Се чувствувам слободно“, рекла една од најатрактивните тенисерки на денешницата откако судот објави колку пари треба да и бидат исплатени.

За потсетување, Бушар поднесе тужба против Тенискиот федерација на САД поради повредата со која се здоби на Грен слем урнирот во Њујорк.

Канаѓанката се лизнала во соблекувалната удрила со главата во подот и добила потрес на мозокот. Наводно подот бил воден, поради што таа се лизнала и паднала, а исто така таа ја оштетила и кошата поради хемикалиите кои биле користени за чистење на подот.

Бушар поради повредата потоа го заврши настапот во Њујорк во 2015 година. Канаѓанката Бушар, некогаш финалистка на Вимблдон и петта на ВТА листата, сега се наоѓа на 121. место во светот.

Scroll to Top