Top Sport

Хиршер како „Херминаторот“, снежни топки за Кристоферсен (видео)

Австриската легенда Марсел Хиршер се израмни со својот сонародник Херман Маер како втор најуспешен скијач во историјата на Светскиот куп, по фантастичната победа на ноќниот слалом во домашниот Шладминг пред 50 илјади бучни фанови.

Хиршер го победи Кристоферсен за својата 54. победа во кариерата и 119. подиум во Светскиот куп, а австриското славје беше поголемо бидејќи ова беше јубилејна 500. победа за Австрија во 51-годишната историја на Светскиот куп. Сега, само Ингемар Стенмарк има повеќе победи од двајцата Австријци – дури 86.

Сепак, трката ќе остане позната и по тоа што неговиот главен ривал, Норвежанецот Хенрик Кристоферсен беше гаѓан со снежни топки при второто возење, по што луто реагираше при стигнувањето на целта. Хиршер остро ги критикуваше тие кои фрлаа со снег.

Scroll to Top