Top Sport

Гонзалес: Штета, имавме шанси за висок пласман

Раул Гонзалес жали што Македонија не успеа предноста од пет гола разлика против Чешка да ја претвори во победа, откако во драматичен финиш не само што ни избега победата, туку и по одбранетиот пенал на Дејан Манасков, загубивме од Чесите.

„Игравме добро, но немавме среќа во последните минути. Тие го играа второ полувреме многу подобро. Имавме голема шанса да се бориме за висок пласман, за петто или шесто место. Чесите беа последни, но сега се пред нас“, вели Гонзалес.

Мрква не „уништи“, Чесите не „спуштија“ за три минути (видео)

Scroll to Top