Top Sport

Кро Кап на „Вембли“ против Нелсон!

Иако сите мислеа дека неговата кариера е при крај, хрватската ММА ѕвезда Мирко Филиповиќ-Кро Кап најави „бомба“ – реванш против „Биг Кантри“ Рој Нелсон на „Вембли“!

43-годишниот Филиповиќ ќе влезе во рингот со 41-годишниот Нелсон во халата на славниот фудбалски стадион на шоуто „Белатор 200“ во организација на втората најсилна ММА федерација по УФЦ.

Кро Кап има фантстични осум победи во низа, и Белатор сигурно му понудија нешто што не може да го одбие за дуел со Нелсон. Шпекулациите велат дека тоа може да биде и неверојатен ри-меч против Федор Емелианенко во блиска иднина, нормално, ако прво Хрватот го „суреди“ Нелсон.

Нелсон веќе го победи Кро Кап на УФЦ 137 во 2011 година година со технички нокаут во третата рунда, по што иронично Филиповиќ го објави повлекувањето. Ова му е совршена шанса за реванш.

Целиот меч помеѓу Кро Кап и Нелсон од 2011 можете да го погледнете на следните линкови 1, 2, 3.

Scroll to Top