Top Sport

Мејведер: Со вистинска цифра може да има ри-меч со Мекгрегор

Иако претходно постојано ги демантираше шансите да влезе во УФЦ октагон, Флојд Мејведер Јуниор сега вели дека е сериозен околу подготовките за „трансфер“ во ММА борби, и дека со „вистинска цифра“ ќе се дојде до ри-меч со Конор Мекгрегор.

Американската непоразена боксерска легенда минатото лето го победи Мекгрегор во боксерски спектакл во Лас Вегас, а оттогаш се постојани шпекулациите дека сака да го победи Ирецот и во ММА рингот.

Тој потврди дека го ангажирал поранешниот ММА борец, Тајрон Вудли како тренер и дека ја чека „вистинската“ понуда.

„Постојано сум во контакт со Вудли и ќе почнеме да работиме сериозно наскоро. Ќе направам сѐ да имам вистинска подготовка. Ако зборуваме за борењето, во моментов би си дал оценка седумка, но со тренинг можам да дојдам до деветка. Од друга страна рацете ми се на скала од 1-10 чиста стотка. Ако ни ги претстават вистинските бројки, тогаш зошто да не повторно со Мекгрегор? Само сумата треба да е вистинска“, вели Мејведер во интервју за „ТМЗ“.

Мејведер веќе тренира за ММА меч?

Scroll to Top