Top Sport

Вон со порака до помладите: Не ме потценувајте

Олимписката шампионка Линдзи Вон ги предупреди младите спортисти на Зимската олимпијада во 2018 година да не ги потценуваат тие со повеќе години и со повеќе искуство.

Вон, која освои злато во спуст на ОИ во Ванкувер во 2010 година, минатата година имаше скршеница на раката, а имаше и незгодна повреда на ‘рбетот на последната трка, но планира да биде најмоќна оваа сезона токму во Пјеонгчанг, посебно бидејќи ја пропушти претходната Олимпијадата во Сочи поради повреда.

„Оваа Олимпијада ја чекам осум години. Тренирав посебно напорно ова лето и не пропуштив ништо – од диетата, до тренинг-програмите. Досега не оди најдобро, но среќата ја чувам за февруари“, вели Вон.

Како официјален амбасадор на Младинската Олимпијада во 2020, Вон се сретна со спортисти од 14 до 18 години во Лозана во неделата, предупредувајќи ги дека ветераните не треба да се отпишуваат.

„Повеќето од младите спортисти, а признавам и јас бев таква, ги потценуваат постарите спортисти, но ние имаме искуство. Знаеме како да се справиме со притисокот и го познаваме спортот многу добро“, вели Вон, која во кариерата има четири титули од Светскиот куп покрај олимпиското злато.

Вон ќе паузира за да биде подготвена за Олимпијадата

Scroll to Top