Top Sport

ЗОИ: Канада ги „прегази“ Русинките, хокеарско финале против САД (видео)

Канада со 5:0 ги „уништи“ Олимписките спортисти од Русија за пласман во финалето на женскиот хокеарски турнир во Пјонгчанг, обновувајќи го ривалството со САД, со кои ќе се сретнат во финалето.

Канада има играно за злато на сите Олимпијади по влегувањето на женскиот хокеј на Игрите во 1998 година, и по петти пат во последните шест Игри ќе се судрат со САД. Американките последен пат освоија злато токму во Нагано во 1998 година, по што следуваа победите на Канаѓанките.

САД со идентични 5:0 ја совлада репрезентацијата на Финска за пласман во големото финале.

Женскиот олимписки турнир до 2022 во Пекинг ќе има 10 наместо 8 тима, но и оваа година натпреварувањето покажа огромна разлика во квалитет помеѓу канадскиот и американскиот тим и другите репрезентации.


Scroll to Top