Top Sport

ЗОИ: Ниту илјадити делови од секундата не ги разделија Германија и Канада (видео)

Драматична финале на олимписката трка во боб-двосед, откако Канада и Германија го поделија златото во Пјонгчанг по навистина неверојатни четири возења.

Канаѓаните Џастин Крипс и Александер Копач постигнаа комбинирано време по четири возења од 3:16.86, идентично до илјадити дел од секундата со времето на Германците Франческо Фридрих и Торстен Маргис, за првпат по 20 години да се подели олимписката титула. Летонија стигна до бронзата

Најбрзите пет парови беа одделени со четврт секунда по третото возење, но драмата беше резервирана за последните две возења. Канаѓаните водеа со 0.06 секунди пред Германците, а Фридрих прв пилотираше до најдобро второ возење за да се израмни со санката возена од Крипс.

За Канада ова е прво злато во боб-двосед од 1998 година, кога Канаѓаните исто така го поделија златото, тогаш со Италијанците.

Женското натпреварување почнува утре, а боб-четвороседот, или „формулата на лизгалки“ е на програмата во текот на последниот викенд од Игрите.

Scroll to Top