Австриецот Марсел Хиршер се закити со златниот медал во алпска комбинација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг и на тој начин дојде до својата прва олимписка титула во кариерата.

Еден од најдобрите скијачи во историјата до златото дојде со време 2:06.52 минути. Ова е прв златен медал на олимпијадите за Хиршер, кој претходно имаше само едно сребро, пред четири години во слалом.

Австриецот е шесткратен победник во Светскиот куп, а во кариерата има и четири златни медали од светските првенства.

Среброто му припадна на Алекс Пинтиро од Франција, а на најниското скалило на пиедесталот се искачи уште еден Французин, Виктор Мифа-Жанде.

Хиршер во целта имаше подобро време од Пинтаро за 23 стотинки, додека Мифа-Жаде задоцни за една секунда.