Top Sport

ЕХФ на Твитер: ЕП за Кирил Лазаров е завршено

ЕХФ на својот официјален профил на Твитер во понеделникот објави дека Европското првенство во Хрватска е завршено за македонскиот капитен Кирил Лазаров.

Капитенот се повреди по нецели 11 минути игра на синоќешниот меч со Шпанија, кој Македонија катастрофално го загуби (20:31). Лазаров по еден скок шут почуствува болка во „задната ложа“ на десната нога, го напушти теренот и повеќе не се врати во игра.

Во својот „твит“ ЕХФ објави дека покрај за Лазаров ЕП е завршено е за германскиот репрезентативец Пол Друкс. ЕХФ на двацата им посакува што поскоро да се вратат на теренот.

Од друга страна од нашиот национален тим не сакаат ништо да коментираат туку ќе ги чекаат резултатите од дополнителните лекарски прегледи кои ќе покажат каква е природата на повредата на капитенот. Лазаров заминал во Загреб на дополнителни прегледи, а потврда дали тој ќе го продолжи првенството или не ќе добиеме попладнево.

Scroll to Top