Top Sport

Норвешка „гази“, Холандија едвај против Јапонките  

Норвешка остана на добар пат да ја одбрани светската титула, откако со 31:23 ги прегази незгодните Шпанки за да обезбеди супер-пресметка со Русија во четврт-финалето.

Нора Морк постигна 11 голови за да ги предводи скандинавките до нова импресивна победа и шести последователен пласман во четврт-финале на Светско првенство.

Холанѓанките многу потешко стигнаа до четврт-финалето, откако одиграа 20:20 со Јапонките по регуларните 60 минути, за на крајот да триумфира со 26:24 и да обезбеди четврт-финале против Чешката Република.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ, СП ГЕРМАНИЈА

Данска – Германија, вторник

Црна Гора – Франција, вторник

Чешка Република – Холандија, среда

 

Норвешка – Русија, среда

Scroll to Top