Top Sport

Ракометарите пристигнаа во Загреб

Македонската ракометна експедиција претпладнево пристигна во Загреб, Хрватска, каде утре ќе започне Европското првенство.

Репрезентативците попладнево ќе го одработат првиот тренинг во „Арена“, каде в сабота од 19:30 часот, во рамките на Ц-групата ќе го одиграат првиот натпревар против селекцијата на Словенија.

Според планот на селекторт Раул Гонзалес репрезентативците во текот на утрешниот ден ќе тренираат два пати.

Покрај Словенија, Македонија во групата ќе игра и против Црна Гора (15 јануари) односно Германија (17 јануари).

Пласман во наредната фаза ќе изборат ќе изборат по три селекции од секоја група. Доколку ја мине групата, во наредната фаза противници на Македонија ќе бидат селекциите кои ќе ја минат Д-групата (Шпанија, Данска, Чешка, Унгарија).

Scroll to Top